Гвардиол слетува во Манчестер на прегледи и рекорден потпис

Хрватскиот репрезентативец и член на Лајпциг Јошко Гвардиол, денеска треба да слета во Манчестер каде што ќе ги мине лекарските прегледи и ќе го стави потписот со екипата на Сити, тврди германски „Билд“.

Наводно двата клуба веќе се договориле, сега останува само да се средат финалсните детали, и Хрватот да стане најскапиот одбранбен фудбалер на светот, и да го сруши рекордот на Хари Мегваер кој е платен 87 милиони евра. Исто така би го срушил и хрватскиот рекорд.

Од трансферот на Гвардиол во Сити ќе заработи и Динамо Загреб, кој ќе треба да инкасира 20% од трансферот, односно тоа би било 18 милиони евра.

Веќе неколку пати се пишуваше дека трансферот на Гвардиол во Сити е готова работа, но Лајпциг во неколку наврати демантираше.

Се вчитува...