Гвардиол со потресни детали за најлошата сезона на Манчестер Сити: Не можев да спијам…

Манчестер Сити потполно потфрли во сезоната 2024/25 не успеавајќи да освои ниту еден трофеј по долго време.

За разочарувачката сезона сега говореше Јошко Гвардиол, хрватскиот репрезентативец кој откри дека имал мака да спие навечер…

„Тоа беше најлошата сезона која сум ја имал, многу болна. Не можев да спијам навечер. Се обидов на секој начин да му помогнам на тимот и клубот да се извлече од лошата ситуација, но работите не се одвиваа како што сакавме. Мило ми е што тој период е сега зад нас и дека добро започнавме. Во фудбалот е добро што за три денови следи нов натпревар и тоа те присилува да заборавиш за тоа што се случило“, изјави Гвардиол.

Се вчитува...