Гвардиол со предупредување до Артета: Сега ни „бегате“ само два бода

Манчестер Сити го искористи киксот на Арсенал во 15. коло од Премиерлигата и се доближи на само два бода од лидерот на табелата. „Граѓаните“ триумфираа во натпреварот со Сандерленд, додека „топчиите“ загубија на гостувањето кај Астон Вила.

По натпреварот за медиумите говореше хрватскиот дефанзивец Јошко Гвардиол кој упати предупредување до Микел Артета и неговите избраници.

„Се сеќавам на мојата прва асезона кога бевме на врвот и се боревме за титулата во Премиерлигата и сте на гостување кај Фулам. Сите натпревари се битни, сите морате да ги победите. Ако изгубите или испуштите бодови, тоа е тоа.

Арсенал има добар тим, но не се само тие силни. Тука се и Астон Вила, Челси… Сандерленд до неодама беше при врвот. Сезоната ќе биде долга. Не сме ни до пола. Има уште многу натпревари. Сега сме на два бода, така да сме многу блиску“, изјави Гвардиол.

Се вчитува...