Гвардиола: 1000 натпревар и победа над шампионот, прекрасно

Манчестер сити во доминантна игра дојде до повеќе од заслужена убедлива победа од 3-0 против Ливерпул во дербито на 11. коло во Премиерлигата.

Тренерот на „граѓаните“ Пеп Гвардиола во својот 1.000 натпревар како предводник на еден тим беше пресреќен по победата.

„Дефанзивно се позициониравме многу добро, бевме добри со топката, мислам особено во првото полувреме. Сè беше добро поврзано со средниот ред, бевме навистина добри. Би сакал да им се заблагодарам на играчите, на сите во тренерскиот штаб и на клубот за подарокот. Горд сум што работам тука и што сум во Манчестер кој е мој град. 1.000 натпревар и победа над шампионот, прекрасно е чувството“, изјави Гвардиола. 

Се вчитува...