Гвардиола: Агуеро има „лоша“ повреда

Манчестер Сити скапо ја плати победата над Челси, откако најдобриот стрелец на екипата, Серхио Агуеро, заработи повреда. Аргентинецот се пожали на болка во мускулот и самиот побара да биде заменет на десетина минути до крајот, а Пеп Гвардиола по мечот обелодени дека повредата најверојатно не е нималку наивна.

„Проблемот на Агуеро е со мускулот, и како што ми се чинеше во прв момент, повредата е „лоша“. Повеќе детали ќе знаеме утре“ – изјави Гвардиола.

Стратегот на Сити поради проблеми со мускулите мораше да ги замени и Родри и Давид Силва, но како што изјави по натпреварот, повредите на шпанските интернационалци не се сериозни.

Се вчитува...