Гвардиола: Ако не го продолжев договорот, Артета ќе го предводеше Манчестер Сити

Микел Артета прави чуда со Арсенал и откако го превзема лондонскиот клуб во 2019 година успеа да го врати „од мртвите“ до борба за шампионска титула. За шпанскиот стратег тоа е прва самостојна работа како главен тренер, а искуството го стекнуваше учејќи од Пеп Гвардиола во Манчестер Сити.

Таму помина три сезони од 2016 до 2019 година, а неговиот ментор, Гвардиола открива дека сега 40-годишникот ќе бил тој кој ќе го превземал манчестерскиот гигант доколку не го продолжел договорот.

„Сигурен сум дека ако заминев претходно Артета ќе беше сега тука. Тој ќе беше најдобар за оваа работа без дилема. Но, потпишав договор и не можеше да се случи“, изјави Гвардиола.

Се вчитува...