Гвардиола: Биелса е веројатно најдобриот тренер во светот

Менаџерот на актуелниот англиски фудбалски шампион Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, има високо мислење за Марсело Биелса. Вели дека под негово водство играчите се развиваат на најдобар начин. Гвардиола никогаш не криел дека е обожавател на работата на аргентинскиот стручњак.

„Биелса е меѓу најдобрите ако не и најдобар тренер во светот од аспект на тоа како им помага на играчите да бидат подобри“ – вели Гвардиола.

Оваа изјава доаѓа откако клубовите го договорија трансферот на младиот Јан Поведа од Манчестер Сити во Лидс. Гвардиола вели дека Поведа треба да игра, а за тоа нема шанса во неговиот клуб и оти сега добива шанса да работи со неверојатен тренер.

Се вчитува...