Гвардиола дал зелено светло, Гундоан го напушта Сити

Илкај Гундоан по крајот на сезоната ќе го напушти Манчестер Сити. Договорот на играчот од средниот ред со „граѓаните“ истекува следната година, но клубот не е подготвен да го задржи и следната сезона, поради што му беше кажано дека е слободен да ја промени средината ова лето, вака барем пренесуваат англиските медиуми.

Засега не е познато каде ќе ја продолжи кариерата, но би можел да се врати во германската Бундес лига. Гундоан пристигна во Манчестер Сити во 2016 година од Борусија Дортмунд, а трансферот изнесуваше 27.000.000 евра.

Германскиот фудбалер со турско потекло оваа сезона одигра 42 натпревари на кои постигна осум гола и запиша шест асистенции.

Се вчитува...