Англискиот премиерлигаш Манчестер Сити за приоритет претстојново лето си го постави ангажманот на нов квалитетен дефанзивец, а менаџерот Пеп Гвардиола фокусот го насочи кон Португалија. Стоперот на Бенфика, Рубен Диас, е желбата на стратегот на „граѓаните“ за засилување на дефанзивната линија во тимот. За него Гвардиола е подготвен да ја плати отштетната клаузула од 100 милиони евра.
Раководството на Бенфика нема да се противи на продажба на Рубен Диас доколку некој клуб ја плати клаузулата.
„Доаѓаат тешки времиња за фудбалот, сите средства ќе бидат добредојдени, Бенфика ќе мора да продава за да преживее“, изјави претседателот на клубот, Луис Филипе Виеира.
Покрај Манчестер Сити, за потписот на Рубен Диас се бори и Барселона. Каталонскиот гигант сака замена за Самуел Умтити, кој се маќеше со повреди и најверојатно ќе го напушти „Камп Ноу“ и ќе се пресели во Премиер – лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА