Гвардиола дивееше по Халанд, сега објасни и зошто (ВИДЕО)

Ерлинг Халанд ја започна новата сезона во Премиерлигата онаму на начин на кој што ја заврши страта – со два гола во противничката мрежа. Норвежанецот два пати го совлада голманот на Барнли во првото полувреме, но тоа не беше доволно за задоволство на Пеп Гвардиола.

Шпанскиот стратег по свирежот на судијата за крај на првото полувреме беше уловен од камерите како го влече својот напаѓач, а по натпреварот објасни дека тоа е поради лошо реагирање на Халанд откако не доби топка од Силва.

„Тој постојано сака топката да му се додаде нему и само нему. Постојано сака да го проигруваат во простор. Ерлинг ја сакаше топката, но Бернардо донесе добра одлука. Постигна два гола верувам дека не се лути и е среќен“, изјави Гвардиола.

Се вчитува...