Гвардиола е лут на Агуеро, ќе го продаде во Милан

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, е лут на Аргентинецот Серхио Агуеро, поради неговиот стил на живот, кој доведе и до сообраќајната несреќа, по која напаѓачот заработи неколку скршени ребра и сега е надвор од фудбалските терени. Шпанскиот стратег смета дека Агуеро треба да води многу помирен живот како фудбалски професионалец и затоа е подготвен да го продаде.

Медиумите на Островот шпекулираат дека менаџерот на „граѓаните“ е подготвен да го продаде дури и во зимскиот преоден рок. За него постои интерес од италијанскиот калчолигаш Милан, а зделката би можела да се реализира за сума од 90 милиони евра.

Серхио Агуеро е еден од најсветските ликови во историјата на Манчестер сити, со оглед дека неговиот гол во судиското продолжение донесе шампионска титула за клубот. Во 261 натпревари за Манчестер сити, Агуеро има постигнато 176 гола во сите конкуренции, и забележа 54 асистенции.

Се очекува Алексис Санчез од Арсенал да пристигне во Манчестер сити и да биде замена за Серхио Агуеро.

 

Се вчитува...