Гвардиола е на излезна врата, Покетино фаворит за негов наследник

Пеп Гвардиола има клаузула во договорот што му овозможува да си замине во јуни 2020 година, опција што каталонскиот стратег сериозно размислува да ја прифати и на крајот од сезонава да го напушти кормилото на Манчестер Сити. Трофејниот стручњак освои се што можеше да се освои на англиската сцена, не успеа да се вмеша посериозно во атакот на европската круна, но според извори блиски до него Пеп чувствува дека го извлекол максимумот од својата екипа.

Тој никогаш не останал предолго на клупата на еден клуб, а со оглед на фактот дека ова му е четврта сезона во Манчестер Сити, јасно е зошто и самиот Гвардиола ги разгледува опциите за наредната сезона. Минатото лето тој одби неколку понуди за да остане во Манчестер, но по слабите резултати во Премиер-лигата сега и самиот Пеп е свесен дек

И управата на „граѓаните“ е свесна дека се ближи моментот за разделба, па првите луѓе на Манчестер Сити ги разгледуваат опциите за нов менаџер почнувајќи од следната сезона. Маурицио Покетино е апсолутен фаворит во оваа трка, Аргентинецот не се договори со Баерн Минхен, го одби и Евертон, но е сериозно заинтересиран да застане на чело на тимот на Сити, со кој ќе атакува на трофеи на англиската фудбалска сцена.

Се вчитува...