Гвардиола: Фоден е најдобар фудбалер во Премиер-лигата оваа сезона

Фил Фоден беше човек на одлука во големото градско дерби откако асот на Сити со два гола во второто полувреме самиот направи резултатски пресврт и го трасираше патто до победата изразена со конечните 3-1.

Пофалби кон англискиот репрезентативец доаѓаат од сите страни, а најголема беше онаа од неговиот тренер Пеп Гвардиола за кого Фоден е најдобар фудбалер во Премиер-лигата оваа сезона.

„Што да се каже за Фил, јас веќе имам дадено изјава дека тој е најталентираниот фудбалер со кого сум го видел во мојата кариера како тренер. Игра одлично, напредува од година во година. Тој секогаш беше голем талент, но годинава е и неверојатно зрел. Видете само колку многу натпревари има одиграно и каков е неговиот придонес за нашите резултати.  За мене нема дилема, Фоден е најдобар играч во ПРемиер-лигата сезонава“, изјави Гвардиола.

Годен има 18 гола и 11 асистенции во сите натпреварувања во дресот на Манчестер Сити и заедно со Родри и со Халанд дефинитивно е меѓу најзаслужните што „граѓаните“ се во конкуренција за нова тројна круна.

Се вчитува...