Гвардиола ги нападна Англичаните – Навистина нема потреба од Лига купот, луѓето можат и без фудбал

Манчестер Сити се наоѓа пред пласман во финалето на англискиот Лига куп, но Пеп Гвардиола не е премногу воодушевен од ова натпреварување. Сити пред десетина дена на гости го победи Манчестер Јунајтед со 1-3, а реваншот ги очекува за седум дена на „Етихад“.

„Укинете го тоа натпреварување. Тоа значи дека ќе имаме помалку натпревари, помалку натпреварувања, помалку тимови и повеќе квалитет. Луѓето можат да живеат и без фудбал, сето ова искрено е премногу. Сезоната почнува со еден меч во недела, а потоа следуваат по два или три и сето тоа трае премногу. Фудбалерите не можат толку да издржат. Најдобро е Лига купот повеќе да не се игра“, изјави Гвардиола. 

Тимот на Гвардиола вечерва игра натпревар против Шефилд Јунајтед на гостински терен, во вонредното коло од Премиер-лигата.

Се вчитува...