Гвардиола: Го испивме цел алкохол во Манчестер, па 40 часа подоцна покажавме зошто сме шампиони

Пеп Гвардиола беше во елемент по ремито на неговиот тим против Брајтон, не криејќи го задоволството од изданието на Манчестер Сити без оглед на фактот дека „граѓаните“ не стигнаа до посакуваната победа.

Гвардиола одмори неколку првотимци, но тоа не се одрази врз нивото на игра на Сити, актуелниот првак создаде неколку стопроцентни шанси и доколку Халанд имаше свој голгетерски ден триумфот ќе беше загарантиран. Сепак, и вака трофејниот стратег е презадоволен од она што го виде од своите избраници.

„Мислам дека го испивме цел алкохол во Манчестер на онаа шампионска забава што ја имавме. Само четириесет часа подоцна, покажавме зошто сме шампиони. Не забележав никаков пад во интензитетот на нашата игра, во реализацијата на идејата на теренот. Тоа само ми потврди колку напреднавме, на кое ниво играме цела сезона. Стигнавме до титулата со одлични резултати на терените ширум Англија, никој ништо не ни подари“, изјави Гвардиола.

Се вчитува...