Гвардиола го мерка Павар од Штутгарт

Англискиот првак Манчестер сити се вклучува во трката за ангажман на францускиот репрезентативец Бенјамин Павар. Десниот бек на Штутгарт имаше одлични настапи на Светското првенство во Русија и го привлече вниманието на најдобрите европски клубови.

Менаџерот на Сити,  Пеп Гвардиола, би сакал да го доведе Павар во својот тим во зимскиот преоден рок и да биде побрз од челниците на Баерн Минхен кои исто така кројат план за да го купат одличниот десен бек. Манчестер сити е подготвен да плати 30 милиони евра за ангажман на Павар. Во трката се уште и Рома, Севилја и ПСЖ.

Се вчитува...