Гвардиола го прави Чилвел најскап дефанзивец во историјата?

Левиот бек на Лестер Сити, Бен Чилвел е најновата мета на менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола. На „граѓаните“ им е потребен лев бек, бидејќи првата опција на таа позиција Бенџамин Менди има полно проблеми со повреди, а замена е неискусниот украински репрезентативец Олекасандр Зинченко.

Се очекува Сити за услугите на Чилвел да понуди 87 милиони евра, сума со која ќе го израмнат трансферот на Хари Мегваер кој минатата сезона токму од Лестер премина во редовите на Манчестер Јунајтед. Покрај Сити за услугите на Чилвел е заинтересиран и тимот од „Олд Трафорд“, но и лондонскиот Челси.

23-годишниот Бен Чилвел потекнува од школата на Лестер, а досега во кариерата за клубот запиша 93 настапи на кои постигна три гола.

Се вчитува...