Гвардиола и Сити ја губат моќта: Јунајтед царува во Манчестер (ВИДЕО)

Пеп Гвардиола и Манчестер сити очигледно ја губат битката за шампионската титула во Премиерлигата откако во 16. коло загубија во големата градска пресметка од Манчестер јунајтед со 1-2.

Далеку од посакувањата и очекувањата одиграа „граѓаните“ кои дозволија „црвените ѓаволи“ да дојдат до предност од 0-2 уште во првото полувреме. Најпрво во 23. минута за 0-1 погоди Рашфорд, а потоа во 29. минута стрелаше и Марсиал.


Единствениот гол за Сити го постигна Отаменди во 85. минута од средбата.

Манчестер сити сега е на дури 14 бода од лидерот Ливерпул, далеку заостанувајќи во трката за титулата.

Се вчитува...