Гвардиола и Сити се подготвувале за Јунајтед и Солскјер само 10 минути

„Црвените ѓаволи“ на чело со Оле Гунар Солскјер оваа есен играат променливо и премногу неубедливо. Тимот од „Олд Трафорд“ можеби го има најдобриот играчки кадар во Премиер–лигата, но стручниот штаб бележи резултати дебакл.

Англиската спортска јавност беше шокирана деновиве, откако излезе една интересна изјава на Кевин Де Брујне, капитенот на Манчестер Сити кој ги фрапирал сите со тоа што кажал дека последниот тренинг на неговиот тим, траел само 10 минути, потоа сите си заминале дома уверени дека лесно ќе слават во градското дерби.

Имено само што започнал тренингот, по само 10 минути, Пеп Гвардиола им рекол на играчите дека нема поим како ќе игра Јунајтед и затоа нема да се прави посебна тактика. Но дека тој бил уврен дека неговиот тим лесно ќе победи против Јунајтед, што така и беше.

Се вчитува...