Гвардиола има нов план за лев бек

Пеп Гвардиола е цврсто решен да доведе нов лев бек до крајот на преодниот рок, се со цел да го покрие најболното место во тимот на кое сега го има само Кансело (кому природна позиција му е десен бек), откако Зинченко беше продаден во Арсенал. Изборот на трофејниот стручњак паднал врз Серхио Гомез, 21-годишниот дефанзивец на Андерлехт, кој до крајот на оваа седмица би можел да се пресели на „Етихад“.

Марк Кукурелја беше прва желба на Гвардиола, но Сити не успеа да се договори со Брајтон околу отштетата и на крајот ја загуби трката со Челси. Како план Б се споменуваше и Борна Соса од Штутгарт, но никогаш не беше испратена официјална понуда за хрватскиот репрезентативец.

Британските медиуми обелоденуваат дека преговорите со Андерлехт се во напредна фаза, понудата од десет милиони евра била одбиена, но се очекува наредната, во висина од 12 милиони евра, да значи и затворање на трансферот и преселба на Гомез во Манчестер Сити.

Се вчитува...