Гвардиола испиша нова историја: Каталонецот стана втор најтрофеен тренер во Премиерлигата

Фудбалерите на Манчестер Сити за помалку од шест минути стигнаа до нова титула во Премиерлигата. „Граѓаните“ го одбранија трофејот од лани со само еден бод предност пред Ливерпул. Астон Вила за малку не ги расипа плановите на навивачите на тимот предводен од Пеп Гвардиола, кој се издигна и направи херојски пресврт во само пет минути.

Каталонецот тренер стигна до својата четврта титула во англискиот шампионат. Тоа значи дека сега е втор најтрофееен стратег, зад легендарниот Сер Алекс Фергусон, кој тринаесет пати се радуваше со Манчестер Јунајтед.

Ако се смета на периодот пред 1992 година, Гвардиола е седми на вечната листа зад Фергусон, Ремзи, Пајсли, Вотсон, Чапман и Базби.

Се вчитува...