Гвардиола итно купува дефанзивец по дебаклот на Сити од Лестер

Дефанзивецот на Бенфика и португалски репрезентативец, Рубен Дијаз, ќе биде новото засилување за одбраната на Манчестер Сити. По вчерашниот дебакл од Лестер на домашен терен, Пеп Гвардиола одлучи веднаш да интервенира и да доведе нов фудбалер во дефанзивата.

Трансферот треба да има вредност од 55 милиони евра, а Сити во Лисабон ќе го испрати и Николас Отаменди. За тоа Бенфика ќе му исплати на Манчестер Сити сума од 15 милиони евра.

Во текот на денешниот ден, Дијаз треба да пристигне на Островот и да ги мине медицинските прегледи пред да стави потпис на повеќегодишен договор со „граѓаните“.

Се вчитува...