Пеп Гвардиола некако се почувствува навреден поради тоа што цел свет го напаѓа дека Манчестер Сити троши и премногу пари за фудбалери. Искусниот стратег поради тоа што се најде во небрано почна да дава и во најмала рака „смешни“ изјави велејќи дека и Јунајтед и Арсенал трошеле многу пари на времето кога освојувале трофеи.
„Пред многу години Јунајтед и Арсенал трошеа многу повеќе пари од другите и освојуваа титули. Се сеќавате на тоа? Сега Сити не смее да го прави тоа бидејќи тие немаат сопственици како нас. Шеикот Мансур сака да вложува пари и не гледам каков проблем има тука“, изјави Гвардиола.
Многу добро е познато дека Арсен Венгер беше многу обвинуван од навивачите на Арсенал поради големото штедење, а ништо подобар не беше ниту Сер Алекс Фергусон, кој знаеше и те како да се ценка пред да купи некој фудбалер. Од друга страна и покрај тоа што го имаше најскапиот тим кој настапил во историјата на Премиер-лигата, Манчестер Сити загуби во првото коло од Тотенхем со 1-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА