Гвардиола: По поразот од Реал морав да одам на психолог!

Манчестер сити беше на праг да обезбеди финале во Лигата на шампиони (ЛШ), но Реал Мадрид со неверојатна завршница и епски пресврт го елиминираше премиерлигашот. За најголемиот сон, а тоа е трофејот во ЛШ, Сити ќе мора да чека уште најмалку една сезона, а тренерот Пеп Гвардиола откри кој му помогнал да го преболи испаѓањето.

Станува збор за Манел Естиарте, поранешен олимписки шампион во ватерполо од 1996 година, кој во моментов работи како психолог кај „граѓаните“.

„Ја преболив елиминацијата во ЛШ, заклучив дека во спортот има повеќе лоши, отколку добри моменти. Побарав помош од клупскиот психолог, Манел се грижи за мене, доволно ми е тоа. Тој ми е пријател многу години. Беше најдобар спортист во својот спорт и има неверојатно чувство за тоа што се случува во составот“, вели Гвардиола.

Се вчитува...