Гвардиола јасен: Oстанувам во Манчестер, почнуваме од нула

Менаџерот на Манчестер Сити Пеп Гвардиола уште еднаш ги демантираше сите шпекулации дека ќе премине во Јувентус, потврдувајќи дека ќе остане на клупата на англискиот гигант.

„Премиер-лигата е неверојатно тешко натпреварување. Пет одлични тимови се борат за титулата. Затоа следната сезона ќе мораме да тргнеме од нула и да видиме колку ќе можеме. Ливерпул ни беше најголем ривал, ја освоија Лигата на шампионите. Сепак, не ни се само тие противници“, изјави Гвардиола. 

Гвардиола со екипата на Сити сезонава успеа да освои тројна круна во Англија, освојувајќи ги Премиер-лигата, ФА и Лига купот.

Се вчитува...