Манчестер Сити до крајот на сезоната ќе се бори на три фронта. Избраниците на Пеп Гвардиола се во игра за шампионската титула во Премиерлигата и ФА Купот, а се и меѓу најдобрите четири во Лигата на Шампионите и имаат позитивни 1-1 во првиот меѓусебен натпревар против Реал Мадрид одигран на „Сантијаго Бернабеу“.
Реваш средбата на „Етихад“ е закажана за во среда, но до неа „граѓаните“ прво мораат да се фокусираат на средбата против Евертон на „Гудисон Парк“ каде немаат право на грешка. Истата требаше да се одигра во сабота, но е поместена ден подоцна поради безбедносни причини поврзани со финалето на Евровизија, музичкиот спектакл кој оваа година се одржува во Ливерпул.
А, денот помалку за одмор многу ќе значи за амбициите во Лигата на Шампиони вели шпанскиот стратег на клупата на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола.
„Тука сум веќе шест години и натпреварите на „Гудисон Парк“ секогаш беа исклучително тешки. Не само поради атмосферата, туку и фактот дека за нив ова ќе биде финале. Ги сакам посетите на овој стадион, тоа е многу британски. Евертон е многу физички силен тим и се може да се случи. Не размислувам за ништо друго освен за нив. А, и немам многу време да размислувам за Реал Мадрид бидејќи играме во недела. Им благодарам на тоа. Не можеме да играме по планирано во сабота бидејќи се одржува Евровизија и нема доволно безбедносни сили.
Денот одмор многу ќе ни значеше, но тоа е што е. Не разбирам, но мора да го прифатам тоа. Нема да се борам против бидејќи нема смисла“, вели Гваридола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА