Гвардиола конечно го победи Хоџсон во Манчестер

Манчестер Сити рутински славеше на домашен терен против Кристал Палас со 4-0, уште повеќе приближувајќи се до водечките екипи на премиерлигашката табела. Воедно, ова беше прва победа на Пеп Гвардиола на домашен терен над Рој Хоџсон, откако искусниот стручњак во претходните две сезони го изненадуваше трофејниот каталонски стратег на „Етихад“ (еден триумф и едно реми).

Стоунс го постигна својот прв премиерлигашки гол во дресот на Сити по одличното додавање на Де Бруине, што беше јубилејна 100. асистенција на белгискиот генијалец во дресот на „граѓаните“.

Гундоган со еврогол во второто полувреме зголеми на 2-0, третиот погодок повторно беше дело на Стоунс, а конечните 4-0 ги постави Рахим Стерлинг.

Се вчитува...