Гвардиола: Ливерпул не е голем клуб во Англија, има една титула во 30 години

Пеп Гвардиола и Манчестер Сити се чекор поблиску до титулата во Премиер-лигата откако со триумфот над Њукасл сега имаат три бода предност во однос на Ливерпул, на три кола до крајот на сезоната.

Гвардиола на прес-конференцијата по мечот се пожали дека јавноста е против неговиот клуб во трката за титулата, но и го „пецна“ Ливерпул, истакнувајќи дека гиганто до „Енфилд“ не е голем клуб во англиски рамки.

„Победивме и сме чекор поблиску до титулата, но знаеме дека ништо не е готово. Не чувствуваме притисок иако ни е јасно дека цела Англија навива за Ливерпул во оваа трка, а не за нас. Искрено, изненаден сум што се говори за Ливерпул како за голем англиски клуб. Тој е голем европски клуб, но не и на домашната сцена, каде што има само една титула во последните 30 години“, изјави Гвардиола.

Се вчитува...