Гвардиола: Лудачки би било да зборуваме дека може да го стигнеме Ливерпул

Вулверхемптон синоќа во драматичен натпревар го победи Манчестер сити со 3-2 на затворањето на 19. коло во Премиерлигата. Англискиот шампион со ова се оддалечи од трката за одбрана на титулата. Ливерпул сега е на +14 поени од Сити и со натпревар помалку.

Менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола признава дека повеќе нема смислам да се зборува за трката за титула.

„Веќе некое време Ливерпул има огромна предност. Не е реално да се мисли за шампионската титула. Сто пати ме прашавте тоа прашање и секогаш го давам истиот одговор“ – одговори Гвардиола, осврнувајќи се и на самиот натпревар.

„Да се браните 80 минути со 10 против 11 е тешко. Не можевме да го одбраниме резултатот кој го имавме. Мора да мислиме на следниот натпревар, за 48 часа не чека нов натпревар“.

Се вчитува...