Гвардиола: Луѓето говореа како никој нe може како Манчестер Јунајтед и Фергусон, но погледнете не сега нас

Манчестер Сити денеска има шанса да ја одбрани титулата во Премиерлигата, но за тоа на „граѓаните“ им е потребна победа во натпреварот против Астон Вила или пак кикс на Ливерпул во средбата против Вулверхемптон. Избраниците на Пеп Гвардиола во последото коло од натпреварувањето имаат бод предност и се зависи од нив.

Доколку Манчестер Сити денеска слави титула тоа ќе биде деветтата шампионска титула за Пеп Гвардиола во последните 13 сезони, вклучувајќи ги и оние со Барселона и Баерн Минхен. Интересно од останатите сезони два пати шпанскиот стратег завршуваше на втората позиција, а само еднаш на третата.

„Кога дојдов тука луѓето ми говореа како Премиерлигата е најтешкото првенство во светот. Дека тука различни тимови ја освојуваат титулата и само Манчестер Јунајтед предводен од Алекс Фергусон може да биде шампион толку многу сезони. Јасно е како подвиг тие направија, но гледајте не сега нас. Ние сме блиску до тоа, блиску сме да бидеме дел од таа приказна и мораме да пробаме да влеземе во тој круг“, изјави Гвардиола.

Се вчитува...