Гвардиола: Многу добри тренери не освоија ништо, бидејќи немаат фудбалер како Меси во тимот

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, истакна дека многу добри тренери во светот остануваат без трофеи бидејќи во тимот немаат фудбалер како што е Лионел Меси. Шпанецот соработуваше со Меси во Барселона во периодот од 2008 до 2012 година, период во кој каталонците доминираа со европскиот фудбал, а на двапати ја освојуваа и Лигата на шампионите.

„Има многу добри тренери кои немаат освоено ништо, бидејќи во тимот немаат фудбалер како Лионел Меси. Никогаш нема да има фудбалер кој ќе биде блиску до него. Барселона ми ја даде првата екипа во кариерата. Имаше мешавина од искусни и млади фудбалери, но тука беше генијалецот Меси“, изјави Гвардиола. 

 

Се вчитува...