Гвардиол на лето во Челси?

Превземањето на Челси од страна на американскиот милијардер, Тод Боели се очекува да донесе и стабилност на „Стемфорд Бриџ“, а со тоа да се „санира“ и „дупката“ во одбраната која ќе се создаде со заминувањата на Андреас Кристенсен и Антонио Рудигер. А, погледите на „сините“ се насочени кон хрватскиот репрезентативец од редовите на Лајпциг, Јошко Гвардиол.

Дваесетгодишниот стопер има одлична сезона во германското првенство и во Лига Европа каде се бори за место во финалето на големото натпреварување па Томас Тухел во него гледа идеална замена за германскиот репрезентативец кој на лето ќе стане нов фудбалер на Реал Мадрид.

Според англиските медиуми Челси е подготвен да издвои 60 милиони евра за услугите на стоперот со што младиот фудбалер ќе стане најскапо платениот Хрват во историјата. Интересно, овој рекорд во моментот го држи Матео Ковачиќ кој за 45 милиони евра премина од Реал Мадрид во лондонските сини.

Се вчитува...