Гвардиола најави заминување: Договорот е само парче хартија, ако не се подобриме ќе си одам од Сити

Пеп Гвардиола е видно разочаран од игрите и резултатите на Манчестер Сити оваа сезона, откако по ремито со Евертон актуелниот англиски првак сега заостанува дури седум бода зад лидерот Арсенал.

Каталонскиот стратег ја ужива апсолутната доверба на управата на клубот, неодамна потпиша и нов договор со важност до 2025 година, но токму поради тоа изненадувачка беше изјавата на Гвардиола по дуелот со Евертон, најавувајќи заминување доколку резултатите на Сити не тргнат во позитивна насока.

„Јас отсекогаш велев дека ќе останам во Манчестер Сити се додека ова функционира, додека тимот игра добро, победуваме и освојуваме трофеи. Во оној момент кога ќе видам дека не функционираме како што треба, дека можеби ќе им биде подобро со друг тренер, јас самиот ќе си заминам. Во моментов не сме на посакуваното ниво и искрено верувам дека тоа ќе се промени наскоро… Потпишаниот договор? За мене тоа е само парче хартија, вистината е дека ако не се подобриме јас ќе си заминам, за доброто на Манчестер Сити“, изјави Гвардиола.

Се вчитува...