Гвардиола не се шегува во Лига-купот: Агуеро донесе победа над Саутемптон

Манчестер Сити рутински славеше над Саутемптон со 3-1 и се пласираше во четвртфиналето од Лига-купот на Англија, натпреварување во кое „граѓаните“ се и актуелни бранители на трофејот. Пеп Гвљрдиола не тактизираше премногу со составот, па мечот го почна со напаѓачкиот танем Хесус – Агуеро, помогнати од Марез и од Бернардо Силва.

Токму Агуеро беше најзаслужниот за победата со два гола, откако првиот погодок беше дело на дефанзивецот Отаменди. Во второто полувреме поразот на Саутемптон го ублажи Стивенс, а интересно е што веќе в сабота овие два тима повторно ќе ги одмерат силите во Манчестер, овојпат во рамките од Премиер-лигата.

Евертон ја доби премиерлигашката пресметка со Ватфорд славејќи со 2-0 со головите во второто полувреме на Холгејт и на Ричарлисон, додека Лестер како гостин триумфираше над Бартон со 1-3 (Ихеаначо, Тилеманс и Медисон беа стрелци за „лисиците“).

Се вчитува...