Гвардиола: Не сме глупави, мораме да победиме на сите средби ако сакаме да останеме шампиони

Манчестер Сити го совлада Брајтон со 3-0 и се врати на врвот на табелата во Премиер-лигата, но Пеп Гвардиола им порача на своите избраници дека мора да останат перфектни и во преостанатите шест рунди ако сакаат да останат пред Ливерпул и да се закитат со трофејот во Премиер-лигата.

Предноста на сити пред „црвените“ изнесува само еден бод, но Гвардиола е убеден дека неговиот тим може да се носи со притисокот, особено ако се знае дека пред неколку години Сити на сличен начин стигна до титулата, победувајќи во последните 14 кола од Премиер-лигата.

„Не сме глупави, ако одиграме нерешено и загубиме само два бода, Ливерпул ќе биде шампион. Знаеме што е потребно за да останеме први – победи на сите преостанати натпревари. Пред нас се тешки натпревари и на сите мораме да играме како против Брајтон. Пред неколку години имавме таква серија, со 14 победи во низа дојдовме до титулата. Се зависи од заморот, од повредите… но ние ќе направиме се за да стигнеме до триумф на овие средби. Пред нас се три тешки гостувања со Лидс, Вест Хем и Вулверхемптон, се бориме со еден од најдобрите тимови во фудбалската историја. Не смееме да губиме бодови, мораме да играме со овој притисок и да победуваме“, изјави Гвардиола.

Манчестер Сити викендов на домашен терен ќе го пречека Ватфорд, додека Ливерпул на „Енфилд“ го очекува градското дерби со Евертон.

Се вчитува...