Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола се уште го бара наследникот на Кевин де Брујне на средината на теренот. По летните засилувања следи уште една „офанзива“ во јануари со ангажман на ѕвездата на Нотингем Форест, Елиот Андерсон.
Дваесетитригодишниот прикажува фантастична игра за англискиот клуб и со тоа го примами интересот на „граѓаните“ кои за него се подготвени да издвојат неверојатни 115 милиони евра, пренесуваат англиските медиуми.
Сепак неговото пристигнување на „Етихад“ нема да зависи само од желбата на Гвардиола со оглед на тоа што неговиот договор со Нотингем Форест е со важност до 2029 година, а на амбициозниот англиски клуб во моментот приоритет не му финансиските придонеси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

