Гвардиола: Некогаш и ние ќе загубиме…

Манчестер сити е незадржлив во Премиер – лигата, а менаџерот Пеп Гвардиола урива рекорди со своите момци. Изминатиов викенд падна и Тотенхем, „граѓаните“ славеа со убедливи 4-1, а тој сите честитки ги префрла кон фудбалерите.

„Фудбалерите ги заслужуваат сите честитки. Тие играат на теренот, тие се најзаслужните за оваа одлична серија на Манчестер сити. Драго ми е што напорната работа дава резултати, но јас сум перфекционист и сакам да подобриме уште многу работи во нашата игра. Секако, ќе загубиме и ние, затоа што ова сето изгледа така нереално. Но, пред секој нареден меч јас им го велам истото на фудбалерите…„Ајде да победиме“. И тие ја исполнуваат мојата желба“, вели Пеп Гвардиола.

Се вчитува...