Манчестер Сити е без победа во последните четири средби од Премиер-лигата, црн серија каква што Пеп Гвардиола не памети уште од 2017 година. Европскиот првак делуваше особено разочарувачки на последниот дуел со Астон Вила, на кој загуби со 1-0 и беше целосно надигран, не успевајќи да упати удар кон противничкиот гол од 12.минута, па се до самиот крај.
Кризата во играта е очигледна, но Гвардиола е убеден дека неговиот тим ќе извлече поука и наскоро ќе заигра во својот претпознатлив ритам.
„Предолго живеевме удобен живот. Некогаш навистина ти требаат слаби резултати, да се разбудиш и да увидиш дека не работиш како што треба. Цело време се зборуваше дека сме непобедливи, а сега одеднаш не можеме да победиме никого. Верувам дека ова што ни се случува е позитивна работа, ќе ни помогне да се консолидираме, да видиме каде грешиме и да бидеме уште подобри. Не верувам дека сме заситени од успехот, не може да очекувате во октомври да ја освојуваме титулата. Сетете се на последната сезона, заостанувавме девет-десет бода зад Арсенал, па сепак успеавме да стигнеме до шампионскиот трофеј“, изјави Гвардиола.
Манчестер Сити викендов му гостува на аутсајдерот Лутон, идеална можност за враќање во победнички ритам. „Граѓаните“ моментно се наоѓаат на четвртото место на табелата, со шест бода заостанување зад водечкиот Арсенал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА