Договорот на Пеп Гвардиола со Манчестер Сити истекува во јуни 2025 година по што се очекува шпанскиот стратег да замине од англискиот клуб кој по превземањето во 2016 година го направи вистински гигант кој доминира на „Островот“, а стигна и до титулата во Лигата на Шампиони.
Гласините по поврзаа Гвардиола со враќање во клубот од каде што ја започна тренерската кариера, Барселона, но тој ја одби можноста велејќи дека вратите за камбек на „Камп Ноу“ се затворени.
„Таа врата е затворена“, изјави Гвардиола кој продолжи да говори за вршење на тренерската улога во Барселона. „Да си тренер на Барселона е многу комплицирано бидејќи треба да менаџираш со повеќе работи. Во Манчестер се што правиме останува во клубот, а во Барса протекуваат информации“.
Гвардиола со Барселона освои три титули во Ла Лига, две титули во Купот на Шпанија, три Суперкупа и по две титули во Лигата на Шампионите и УЕФА Суперкупот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА