Гвардиола: Ние сме млад клуб во Европа, не сме како Милан, Реал, Барселона…

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, потенцираше дека Сити е мал, односно млад клуб во однос на другите европски гиганти кои со години наназад се издигнувале на европската сцена.

„Ние сме млад клуб во Европа, Сити нема богата историја како Милан, Реал Мадрид, Барселона. Имаме само неколку играчи со искуство од европските натпреварувања, како Отаменди, Давид Силва, Агуеро, додека останатите се уште се млади фудбалери кои одиграле пет или шест меча во Лигата на шампионите. Затоа секој натпревар го сфаќаме најсериозно што можеме“, истакна Гвардиола.

Гвардиола не испушти уште еднаш да ја пофали стратегијата на Маурицио Сари и неговата успешна работа која ја врши во калчолигашот. Екс-фудбалерот на Барса вели дека Наполи може да го натера неговиот клуб да „пати на теренот како никогаш досега“.

„Мило ми е и што повторно ќе се видам со Сари, можам да претпоставам дека неговиот пристап на играта ќе биде сличен или можеби ист како на претходниот меч. Ова го претпоставувам бидејќи и двајцата имаме слична филозофија за гостинските натпревари. Едно е јасно, за нас ова е најголем тест во ЛШ досега, не чека голем предизвик, за кого ќе мора многу да се намачиме да го надминеме. Точно е дека имаме минимална предност, но мора да го заслужиме првото место во групата. Доколку се опуштиме во било кој момент, Наполи може да не натера да патиме на теренот како никогаш досега“, додаде шпанскиот стратег.

Се вчитува...