Гвардиола: Никој во светот не игра како Брајтон

Манчестер Сити изминатиот викенд стигна до третата последователна титула во Премиерлигата па релаксирано ќе ги дочека последните три натпревари од англиското првенство. Еден од нив ќе биде средбата против Брајтон чија игра оваа сезона е вистинско уживање.

Брајтон избори настап во европските натпреварувања следната сезона, а во пресрет натпреварот тренерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола го изнафали противникот.

„Честитки до Брајтон за неверојатното остварување – пласманот во Европа. Роберто де Зерби е еден од највлијателните тренери во последните 20 години. Не постои тим кој игра како Брајтон. Тие се посебни. Знаев дека ќе направи големи нешта кога стигна во Премиерлигата, но не знаев дека ќе го направи тоа за толку кратко време.

Брајтон креира 20 до 25 шанси на натпревар. Тие доминирааат во поседот на начин на кој не е виден досега. Сите се вклучени во играта, голманот во одредени моменти е играч за врска. Тоа е тим од кој и јас учам“, вели Гвардиола.

Се вчитува...