Гвардиола: Палмер сакаше да замине по секоја цена од Сити

Во дербито на Премиерлигата  денеска ќе се сретнат Челси и Манчестер сити, а во центарот на вниманието ќе биде Кол Палмер, младиот играч кој летово премина од Манчестер во Лондон.

Детето на „граѓаните“ летово се пресели во Челси за 47 милиони евра. Постигна голови за Сити во двата Суперкупа сезонава, а Пеп Гвардиола сакаше да му даде поголема минутажа по заминувањето на Ријад Махрез.

Сепак, Палмер инсистираше да замине во Челси.  Во пресрет на натпреварот, Гвардиола проговори за Палмер и откри како дошло до разделбата.

„После година или две ми кажа дека не сака да игра во сити. Му кажав дека Махрез заминува и ќе добие шанса, но тој ми рече дека сака да си замине. Му реков: „Во ред, оди“, рече Гвардиола.

Се вчитува...