Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола е среќен поради освојувањето на Лига купот и продолжувањето на серијата добри резултати на неговиот тим. „Граѓаните“ по четврти пат по ред го освоија Лига купот откако во финалето славеа над Тотенхем со 1-0.
„Од претходните 33 натпревари ние победивме на 30. Тоа е неверојатно. Среќен сум поради првиот трофеј во сезоната се надевам дека ќе освоиме уште. Неверојатно е да се игра пред публика им благодарам на сите 8.000 навивачи кои денеска беа на Вембли“, изјави Гвардиола.
Инаку Англиската фудбалска федерација на денешниот меч дозволи на 8.000 навивачи да бидат на Вембли.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА