Гвардиола: Подобро да играм голф, отколку да ги водам Реал или Јунајтед…

Пеп Гвардиола има уште една година од актуелниот договор со Манчестер Сити, а до каталонскиот стратег веќе стигнуваат понуди од останати европски гиганти. Сепак, за Гвардиола нема дилеми кои два клуба никогаш нема да ги води до крајот на кариерата.

„Сега сум тренер на Сити, што значи дека никогаш нема да го водам Манчестер Јунајтед. Исто така, никогаш нема да го водам ниту Реал од почит кон Барселона. Дури и доколку не добијам ниту една понуда, подобро би играл голф отколку да ги водам овие два ривали на моите клубови“ – дециден е Гвардиола.

По времето минато во Барселона трофејниот стратег си зеде едногодишен одмор, а не се исклучува можноста тоа да го направи и кога ќе реши да си замине од Манчестер Сити.

„Не е ништо страшно ако се мине одредено време без тренерски ангажман. Сонувам да минам одреден период на Малдивите. Но, не премногу долго бидејќи таму нема терени за голф“ – се пошегува Пеп Гврдиола.

Се вчитува...