Гвардиола потврди, „граѓаните“ без Серхио Агуеро на дербито со Манчестер Јунајтед

Актуелниот првак Манчестер Сити на саботната градска пресметка против Манчестер Јунајтед ќе биде без аргентинскиот интернационалец Серхио Агуеро. Тој нема навреме да се опорави од повредата на мускулот што ја заработи на дуелот со Челси.

„Агуеро нема да биде подготвен за дуелите со Барнли и со Манчестер Јунајтед“, потврди менаџерот на Манчестер Сити.

Во составот на Манчестер Сити за утрешниот натпревар против Барнли, ќе отсуствува и Илкај Гундоган.

Се вчитува...