Гвардиола: Против најдобриот тим во Европа, покажавме зошто сме шампиони, судиите не ги коментирам

Актуелниот премиерлигашки шампион, Манчестер Сити го загуби големото дерби со Ливерпул со 3-1 на „Енфилд Роуд“ и заостанува девет бода во однос на првиот претендент за трофејот сезонава. Менаџерот на двојниот првак, Пеп Гвардиола вели дека неговиот тим одиграл шампионски.

„Покажавме дека сме шампиони. Одигравме добро. На овој стадион, во ваква атмсофера, против најдобриот тим во Европа се покажавме одлично, горд сум. Горд сум на мојот тим повеќе од било кога. Не сакам да зборувам за одлуките на судиите, тоа е до нив. Зборувам само за нашето издание. Знаеме дека тимовите овде играат тешко поради големата почит кон „Енфилд“. Со проблемите кои ги имаме во тимот, начинот на кој игравме беше неверојатен. Има уште седум месеци. Ако ја освојат титулата, јас ќе бидам првиот кој ќе им честита“ – изјави Гвардиола непосредно по натпреварот.

Се вчитува...