Шпанскиот фудбалски стрчњак Пеп Гвардиола призна дека сака да се испроба во работа со национален тим. Тој веќе е со мислите за продолжување на кариерата по заминувањето од Манчестер Сити.
За потсетување, 50-годишниот тренер работи во Манчестер Сити од 2016 година. Под негово водство, тимот стана шампион на Англија три пати и играше во финалето на Лигата на шампионите.
„Кога ќе завршам во Манчестер, ќе ми биде интересно да работам со некоја репрезентација на настапи на СП или ЕП. Но, обично тоа не е лесно – има многу малку слободни работни места во такви случаи. Меѓутоа, доколку тоа не се случи, ќе продолжам да го тренирам клубот. Ако зборуваме за работа во Англија, тогаш мислам дека можам да работам само во Манчестер Сити. Знаете, пред многу години никогаш не би помислил дека ќе станам менаџер на Манчестер Сити и ќе бидам во тимот шест сезони. Да видиме што ќе се случи понатаму“ изјави Гвардиола за ‘Скај Спортс’.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА