Гвардиола: Сакам Силва да остане во Сити, но ништо не зависи од мене!

Бернардо се поврзува со трансфер во Барселона, но Манчестер Сити не сака да се откаже од Португалецот. „Граѓаните“ гледаат на играчот за врска како еден од главните фудбалери, но доколку дојде задоволувачка понуда и играчот посака да си оди, нема да направат проблеми.

На оваа тема зборуваше и Пеп Гвардиола. Тој нагласи дека сака да го гледа Силва во својот тим, но и дека ништо не зависи од него.

„Сакам Бернардо да остане во Манчестер сити. Тој е специјален играч, не знам што ќе се случи, ништо не зависи од мене. Знае колку го цениме и сакаме да остане, ќе видиме каков исход ќе има ситуацијата“, кажа Пеп.

Се вчитува...