Гвардиола се „глупираше“, па се извинуваше… (ВИДЕО)

Манчестер сити славеше сигурна победа од 1-3 на гостувањето против Лидс, меѓутоа дуелот, меѓу другото, го одбележа и „глупирањето“ на Пеп Гвардиола во 82. минута.

И покрај тоа што неговиот тим водеше со 1-3 а мечот веќе беше веќе решен, Гвардиола очигледно беше незадоволен на клупата па шутирајќи шише вода покрај клупата успеа да удри член на стручниот штаб на Лидс.

Менаџерот на „граѓаните“ веднаш виде што направи па се фати за глава и поттрча кон домашната клупата за да се извини.

Од Лидс, секако, не се жалеа за овој потег на Гвардиола, па се добро заврши за него иако можеше да добие и некој картон за таквото однесување.

ВИДЕОТО ОД ПОТЕГОТ НА ПЕП ГВАРДИОЛА НА СЛЕДНИОТ ЛИНК

Се вчитува...