Гвардиола: Се надевам дека Манчестер Јунајтед ќе освои бодови против Ливерпул

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола коментираше за вечерашното англиско дерби меѓу Ливерпул и Манчестер Јунајтед, кое почнува во 21 часот, и кое ќе биде важно во битката за титулата во Премиер-лигата.

Тој рече дека ќе го гледа натпреварот, и дека сака Манчестер Јунајтед да освои бод или бодови од овој меч, но додаде дека му е важно неговиот тим да ја заврши работата во преостаниот дел од англиското првенство.

„Ќе го гледам мечот како навивач. Ќе го гледам дома и би сакал Манчестер Јунајтед да освои бодови. Сепак, тоа нема да влијае ништо доколку ние не ја завршиме работата на следните натпревари. Можеме да научиме нешто од двата тима“, изјави менаџерот на Сити.

Се вчитува...